ВЕНЕЕ СТАРАТА ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА

Објект во близина на ОУ “Рампо Левката” е оставен на милост и немилост на времето. Грицкаат годините од циглите, од покривот, фасадата безмилосно. И соседите поткопуваат дел по дел од некогашниот придружен објект на старата железничка станица. Околните граѓани се прашуваат какви се намерите на локалните власти за зачувување на објектот, или пак во новиот урбанистички план е стокмен нешто друго во делот на остатоците од железничката станица на теснолинејката. Во близина се и просторите на желеничката станица, кои се користат од некои фирми, колку да не се распаднат. Реставрирана е блиската стара зграда во простор за регистрација на младите брачни двојки и за потребите на некои невладини организации. Кога градот заличува на секој агол, кога се дотеруваат старите објекти со нови фасади, грев би било да не се искористи и ова “парче” историја, оти архитектурата демонстрира богатство инвенција и длабоки градски корени.

Loading