СЛИКИ ОД ВЛАДИМИР ТЕМКОВ

Вечерва во ЦК “Марко Цепенков”

Триесетина експресионистички слики е содржината на изложбата на кавадаречкиот уметник Владимир Темков, вечерва од 20.30 часот во галеријата на Центарот за култура. Неговото сликарство говори со јазикот на еден робусен лиризам, целосно спонтан, ослободен од строг рационален концепт. Изложбата е дел од програмата на прилепското културно лето. Темков изложувал самостојно и на групни изложби во земјата и странство. Учествувал на повеќе колонии.

 

Loading