ЧАКМАКОСКА И НАСТОСКИ УСПЕШНИ ВО “НОЌ СПРОТИ ВОДИЦИ”

“12th Night od Shakespeare” или “Ноќ спроти Водици” беше претставата, во која учествуваа актери од девет земји во Мурау, Австрија, а во која играа и прилепските Катерина Чакмакоска и Никола Настоски. Тие одлично се снајдоа во автентичниот простор во дворецот на принцезата на Мурау. Претставата беше прифатена многу добро. Ја гледаше и принцезата на Мурау. Имавме и прием во дворецот. Задоволни сме што учествувавме во ваков проект, со интернационална екипа и изведба на англиски јазик. Со Катерина стекнавме ново искуство и нови колеги – вели Никола Настоски.

Loading