ЉУБОВТА ВО ДРВО

Предраг Јаневски, скулптор

Предраг Јаневски, скулптор од Скопје, по неколкугодишна пауза повторно твори во Интернационалното атеље за скулптура во дрво. Посакувал да креира ново уметничко дело во Прилеп. Ја сакам колонијата, оти нуди најдобри услови, речиси идеални за изработка на скулптури по мое видување – вели Јаневски. Четвртпат е ориентиран на дрво, иако творел и во железо, мермер, пластика. Мотивот да изработам две композиции беше љубовта. Не како состојба на духот, туку како сакај го ближниот, воспоставање на посилна енергија од другите. Некои изразуваат револт преку дело, што е исто како да дотурате масло на оган. Сакам да правам дигресија. Двете композици од дрво ги именував Бакнеж, кој не се гледа, но едната на другата си припаѓаат, иако се единки сами засебни – објаснува Јанески. Тој е еден од ретките уметници кој специјализирал во Германија, особено за изработка на скулптури во дрво. Негови дела се наоѓаат кај администраторот на холандската кралица, во Словенија, Австрија, Германија, па дури и во општинската зграда на градот.

Loading