ЗАМИНА ТРАЈЧЕ МАЏОСКИ – СУДИЈАТА НА ВЕКОТ

Прилеп се збогува со фудбалскиот судија на сите времиња, Трајче Маџоски (69), долги 15 сезони делител на правдата во Првата лига на Југославија. Судеше пред 50 илјади до 100 илјади гледачи и на меѓународна сцена, со знакот на ФИФА. По завршувањето на судиската кариера беше делегат, а во ФК Победа ја имаше функцијата генерален секретар од 1988 до 2004 година. Беше член на УО на ФФМ од 1993 до 1999 година. Маџоски од ланското лето даде придонес на неговиот омилен клуб, за кого има играно во младоста, 11 Октомври. До смртта беше член на управата. Сите му оддаваат должна почит на натпреварите на 11 Октомври.

Loading