ПОБЕДЕН ПЕЛИСТЕР

Победа јуниор

Жестока контрола на второлигашите. Победа јуниор го совлада со 4-3 соседот Пелистер и му врати за поразот во Битола. Имаше неколку остри стартови и приговори, а судијата Горан Ангелески додели два црвени картона на Даниел Талески и Милан Ивановиќ. Беа досудени дури три пенала. Првиот и вториот ги реализираше Христијан Петрески, третиот на спротивната страна во гол го претвори Александар Коњарски. Најубавиот го даде Бекташ Јусуфоски со сув лист од 30 метри. Билансот на Победа јуниор е три победи (Питу Гули 7-2, Треска 3-2, Пелистер 4-3), две реми (Влазрими 2-2, Тиквеш 2-2) и само еден пораз (Пелистер 0-2). Сатртот на Втората лига е на 7 август кај Тиквеш во Кавадарци.

Loading