НАШ СТАРОГРАДСКИ МЕЛОС НА “ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ”

Културно уметничките друштва “Пере Тошев” и “Пензионер”, кои долги години го негуваат староградскиот мелос, во недела ќе настапат на 41 фестивал на народни песни и игри “Илинденски денови” во Битола. Ќе претстават дел од раскошниот репертоар, во рамките на “Вечерта на староградски групи и ансамбли”. На “Илинденски денови” годинава настапуваат 32 фолклорни ансамбли од Македонија, Австралија, Мексико, Турција, Хрватска, Грција, Бугарија, па тоа ќе биде убава можност нашите друштва да остварат контакти и да договорат меѓусебна соработка.

Loading