КУД “МИРЧЕ АЦЕВ” ВО ХРВАТСКА

Серија концерти од 29 јули до трети август ќе има низ Хрватска КУД “Мирче Ацев”. Ќе се претстави македонскиот фолклор во Ријека, Сплит и во Макарска. Играорците ќе играат дел од богатиот репертоар, меѓу кои Повардарие, Невестинско, Калајџиско, Старо тиквешко, Куцано, сплет од Источна Македонија. Турнејата во Хрватска, втора во последните пет години, е по повод прославата на празникот Втори август, што традиционално се одржува во општина Лукве, Горски Котар.     Друштвото деновите учествуваше на Балкански фоклорен фестивал во Охрид.

Loading