АВСТРАЛИСКИ НАШИНЦИ ВИЕЈА ОРО НА ПЛОШТАД

Среде Прилеп одекна македонска песна од грлото на нашинците од КУД “Бисер” од Џилонг, Австралија. Со многу емоции на плоштадот Александрија, и со кореографија на Сашо Босеовски, го пренесоа копнежот кон татковината на своите. Играа и пееја младите членови на друштвото пред прилепчани. Покажаа дека и на далечниот континент знаат да го негуваат својот фолклор, знаат да покажат потеклото, знаат да демонстрираат дека не се дрво без корен. Даниел, чии родители потекнуваат од прилепско, вели дека првпат играл пред своите сонародници. Бил возбуден. Рече дека убаво поминале. Задоволни заминаа од градот, од кој понесоа убави впечатоци. Им се допадна центарот на градот, го видоа градскиот саат, вкусија ширден. Во друштвото играат 55 членови. Постои од 1977 година и работи под патронство на македонската православна заедница при црквата Св. Јован Крстител.

Loading