АРАБАЏИИ И КОМПЈУТЕРИ

Некогаш градот беше препознатлив по магарињата за пренесување на тутун во кошеви. При прелистувањето на старите фотографии, се открива интересниот момент на радост на децата, качени на арабаџиска кола од постар тип, влечена од коњ. Сите деца уживале во возење, на велосипед, мотор, а доживувањето и раскажувањето немало крај, кога некое ќе уживало во возење со ретките автомобили. Во отсуство на меки амортизери и брзина, не помала забава и задоволство претставувало возењето во арабаџиска кола. Иако по малку небезбедно, поради понекогаш нескротливите коњи или мазги, сепак и во ризикот имало кеф за кажување. Игрите куцкамен, челик – чомак и други биле замена за денешниот фејсбук на децата. Затоа, тешко се најдува одговор на прашањето, кој уживал повеќе – некогашните генерации со возбудата на арабаџиските коли или денешните виртуелни комуникации и “адреналин” на компјутерите.

Loading