СЕСТРИТЕ НИКОСКИ НА ОХРИДСКО ЛЕТО

Сестрите Софија и Христина Никоски свиреа на “Охридско лето”, во рамките на програмата “Млади македонски музичари”. Заедно со неколкумина други музичари, Софија на виолина, а Христина на пијано, се претставија со дела од Лист, Тафанел, Бах, Зографски, Шуман. Виолинистката, Софија дипломец на ФМУ во класата на проф. Олег Кондратенко. Добитник е на повеќе интернационални награди. Настапила на значајни музички манифестации. Постарата сестра, пијанистката Христина, е на ФМУ во класата на проф. Марија Гошевска. Учествувала на повеќе државни и меѓународни натпревари по пијано, каде освоила бројни награди.

Loading