БОГАТО КУЛТУРНО ЛЕТО

Тони Чатлески, директор на ЦК “Марко Цепенков”

Концерти, претстави, изложби, се дел од содржините на годинешното Прилепско културно лето, што почнува на 29 јули, а ќе трае до 28 август. За разбивање на летната монотонија, Центарот за култура најавува богатство “храна за глава”. Стартуваме со концерт на класична музика, на кој ќе настапат јапонскиот баритон Јасунари Окомура, сопранот Ирена Крстеска, во пијано придружба на Виктор Митрески. За еден месец, до 28 август, на граѓаните ќе им пружиме програма за различните културни вкусови – вели Тони Чатлески, директор на ЦК “Марко Цепенков”. Единствено Центарот за култура организира културно лето во земјава, а во другите градови летните културни манифестаци се во режија на локалните власти. Културното лето е финансиски поддржано од Министерството за култура.

Концерт на КУД Бисер од Австралија

Неформално, културното лето стартуваше со колонијата Дрен и со концертот на КУД “Бисер” од Џилонг, Австралија што ќе се случи на 27 август, во среда. Друштвото дејствува преку македонската православна заедница при црквата “Св. Јован Крстител”. Го негува богатиот македонски фолклор од 1977 година. Играат 55 члена, под кореографската палка на Сашо Босеовски. КУД “Бисер” вторпат гостува во Макеоднија. Учествувало на бројни фестивали низ државата Викторија.

Наскоро Стремеж 1-2

Првиот двоброј за годинава на списанието за литература, уметност и култура “Стремеж” ќе излезе наскоро. Ќе објават преводи на поезија и проза од светски познати автори. Место се најде и за прилози од повеќе прилепски автори. Списанието ќе се претстави на годинашните Струшки вечери на поезијата.

Loading