ФИЛМОТ ЗА “МЕЧКАРИТЕ” ВО ВИНИЦА

Документарниот филм “Прилепските мечкари” од етнологот Соња Ризовска – Јованоска вечерва се прикажува во Виница, на манифестацијата “Топол културен бран”, организирана од Министерството за култура. Виничани ќе се запознаат со прилепскиот традицонален празник Прочка и обичаите околку него. Филмот е добитник на првата награда за етнолошки филм на фестивал во Белград. Во овој град ќе биде прикажан и вториот документарец на Јованоска “Зародиш”, на 28 јули.

Loading