ПРИЛЕПСКИ ВАЈАРИ НА ИЗЛОЖБА ВО КУМАНОВО

Четворицата скулптори, Емил Солески, Габриела Ацеска, Марија Стојаноска и Марјан Стојаноски се претставуваат со по едно дело во Куманово, на биеналната изложба “Скулптури на новото време”. Тие го покажуваат раскошниот уметнички дар и претстава дел од скулпторската продукција во земјата, во која прилепските автори заземаат значајно место. Солески е дипломиран вајар, кој зад себе оставил повеќе самостојни и групни изложби во градот, Крушево, Скопје, Куманово, Берат- Албанија. Ацеска изложувал на повеќе групни изложби и ликовни колонии. Вајарот Марија Стојаноска учествувала на 17 групни изложби во земјата и странство, имала три самостојни претставувања, била учесник на 7 колонии, а нејзиниот брат Марјан е апсолвент на ФЛУ.

Loading