“СИТО” ЗА 30 ИГРАЧИ

Победа јуниор

Многу играчи, над 30, се насобраа во новиот второлигаш Победа јуниор, со оглед на тоа што освен Љамчевски во Металург, никој не заминува, а капитенот Петрески се премисли и не оди во Турново. Има новодојдени и на проба. Тренерот Кире Овезоски подготвува “сито” за бројката да се сведе на 25. Голмани засега се Апостоловски и Николоски. Најавен е и Истатов од Турново. Тимот приклучува само млади, надежни. Амбиција е достојно деби во второлигашкиот ранг. Одиграни се две тест средби. Прво победен е Питу Гули во Крушево со 7≠3, а после доживеан пораз 0≠2 од Пелистер во Битола. В недела има дуелот дома со скопска Треска, поранешна Македонија Ѓ. П. Ждрепката не е извршена. На 7 август е планиран стартот на Втората лига.

Loading