ФК Корзо
ПАНДЕ ПРЕГОВАРА СО ТРЕНЕР
Фудбалскиот третолигаш, Корзо го решава прашањето со тренер. Привршуваат преговорите со докажан професионалец. За скоро треба да застане пред екипата, на стартот од подготовките. Тренерот ја презема стручнноста, а јас организацијата. Голем товар е клупата и претседател на клубот ≠ вели Панде Трајчески, првиот човек на ФК Корзо. Од возобновувањето пред три години, има само прогрес до Третата лига. Лани се освои шестото место, за наредната погледите се повисоко. Трајчески е најзаслужниот за успесите. Го подмладуваме составот, се заблагодаривме на неколкумина. Играчкиот кадар ќе го дотераме, но бараме терен да не гостуваме довека. Дома ќе не бодрат над илјада гледачи ≠ порачува Трајчески.