ЛАВРИ ЗА “ТУТУНЛЕНД” ВО ЛЕСКОВАЦ

Со награда за најдобра групна маска се вратија децата од ОУ “Климент Охридски” од меѓународниот карневал “Лесковац 2011”. Инвентивната маска со педесетина учесници, “Индијанците од Тутунленд”, дизајнирана со тутунски листови, го привлече вниманието не само на публиката на дефилето, туку и на жирито. Наставникот Цветан Волчески е радосен што го претставиле Прилеп во вистинска светлина. Надминавме силна конкуренција од многу земји, промовирајќи го градот и фестивалот на маски во Прилеп – Прочка. Лесковачкиот карневал е интеграција на традицијата и современите трендови – спој на коледарите, модерните мажоретки, акробатите, жонглерите, кловновите – вели Волчески.

Loading