ГОДИНИ НА “ЖРТВИ” ЗА ВОДА

Бесплатна објава

Пред триесетина години, Прилеп го симна од дневниот ред прашањето со жедта. Системот за водоснабдување Студенчица со цевковод од 70 километри ги загасна маките и зортот од недостигот вода за пиење. Во полна сила се стави во употреба системот, граден со државен и граѓански влог, со самопридонес, вреден околу 50 милиони евра. Макотрпно се жртвуваа вредните работници со различни профили. Пет – шест години се поставуваа метални цевки, широки околу еден метар, Прилеп да добива максимум од изворот Студенчица. Низ планини, низ брда и долини, низ шуми и полјани, се поставуваше цевковод – патот на водата. Се создаде грандиозен објект. Во некои суви години на издавање на дарежливоста на изворот, политичарите “ја земаа водата в раце” да манипулираат со граѓаните. За среќа, брзо се препознаваа и се отфрлаа политичките додворувања и играрии, а Студенчица остана симбол на единството на прилепчани и готовноста за вложувања во капитални објекти за гаснење на жедта во летни горештини.

Loading