БРАЧНАТА ДВОЈКА ДИМОСКИ СО ПРИНЦЕЗАТА ОД ДУБАИ

Златко и Елизабета Димоски се единствениот брачен пар во светот со Светска и европска лиценца за А карате судии, кои имаат лиценци од СКФ и ЕКФ за судии и за тренери од светски ранг. Тие стекнаа почетен сертификат и за светски карате тренери. А ваков сертификат доби и принцезата на Дубаи, Маитха, ќерка на шеикот на Обединетите арапски Емирати, Мохамед бин Рашид Ал Мактроум. Не само што беше освојувач на медали од силни карате првенства таа заради својата убавина е избрана и во 20 – те “најжешки” ќерки и синови на кралеви и шеици според магазинот Форбес. Фина е, прифаќа разговор за каратето. Гласот за Македонија преку разговорот и фотографиите ќе стаса и до Обединетите Арапски Екирати и до шеикот во Дубаи – вели Златко Димоски, карате судија. Промоцијата на почетните сертификати за тренери на СКФ се одржала во Лутраки. Сертификатите важат три години, а за кои на Светското Првенство во октомври во Малезија најспремните тренери ќе полагаат дополнително, а тие кои ќе положат ќе имаат диплома за Светски Карате Тренер која ке важи насекаде во светот. Почетен сертификат стекнаа уште неколку тренери од Македонија меѓу кои и Петар Белистојаноски и Валентина Пурдеска.

Loading