ПАДНА БЕЛИЦА ЛАДНА

Шеесетина планинари на ЕПД Картуш не испуштаат викенд да не се дружат со природата. Последниот беа на изворот на Беличка Река. Им легна камен ладната вода во Поречието. Ги брцнаа нозете, каде што не се трае повеќе од две минути. Со бистра како солза вода, ја разладија душата од реката, која тече под пенџерињата на селските куќарки од камен. Дел од планинарите се обидоа да брцнат поглед во пештерата над селото, на три саати пат. Не успеаја, оти властите го затвориле влезот со решетки од безбедносни причини. Опасна е пештерата над Белица, оти просторот е стрмен. Само вешти планинари, алпинисти и спелеолози, опремени со техника, можат да наѕрат во мрачната пештерска мистерија, во подземниот свет на сталактити, сталагмити и други красоти на природата.

Loading