ТРЕНИНЗИ ПАК ДОМА

Победа јуниор

Новиот второлигаш Победа јуниор одработи шестдневни подготовки во Крушево. Задоволни се од реализираното тренерите Кире Овезоски, Златко Петрески и Благоја Смоквоски. Тренинзите сега се на домашен терен. Екипата располага со 25 првотимци. Го нема само капитенот Христијан Петрески, кој е во Хоризонт Турново. Има повеќемина нови, главно од пелагонискиот регион, од Битола, Новаци, Ресен… Според возраста, клубот се ориентира на млади фудбалери, оти се најдобри решенија во овој момент. Врсниците се сплотени, желни за новите предизвици во повисокиот ранг ≠ Втора лига. На 31 јули стартува борбата за бодови, до тогаш се пријателските средби на Победа јуниор.

Loading