ФИЛИПОСКИ ВО НАШЕ ТАКСИ

Женски фудбал

Тренерот на женскиот фудбалски тим Победа, Блаже Филипоски, летово е позајмен на шампионот, Наше такси. На клупата е до средината на август на местото од заминатиот, сениорскиот селектор Добре Димовски. Ги води скопјанките во квалификациите за ЛШ. Условите се одлични. Првпат гледам организиран женски клуб, со претседател, секретар, сопственик. Заинтересирани се спонзорите. Не се двоумев и прифатив – вели Филипоски, младински селектор. Во квалификациската група се ривалите ПАОК (Грција), Јанг бојс (Швајцарија) и Галиадор (Молдавија). Првите две одат натаму на турнирот од 11 до 16 август. Во Наше такси се повикани Катерина Милеска и Драгана Костова од Победа. Тимот е репрезентација. Планирана беше Младена Петрова, но таа е на проба во Германија – истакнува Филипоски.

Loading