ТЕСТОВИ СО РОМАНКИ, СРБИНКИ И ГРКИНКИ

Ракомет: Жито Прилеп планира силни подготовки

Додека трае одморот за ракометарките на Жито Прилеп, Управата и тренерот Ристо Магдинчев ги планираат подготовките од 29 јули. Предвидени се силни тестови со ривали од Романија, Србија и Грција. Се нудат квалитетни противници. Силни проверки за Регионална лига – велат од Жито Прилеп. Тестовите се наизменично со исти екипи, дома и на гости. Не е исклучено учество на турнир. Пореална опција е турнеја. Корисни се контактите со соседните земји. Договараме престој во Врњачка бања – информираат од клубот. За првотимките се обезбедуваат адекватни услови. Тренинзите стартуваат во арената “Сонце”, а понатаму е висинскиот дел од подготовките. Најпогодно е во Маврово да се одработи таа фаза – најавуваат од Ж. Прилеп.

Преговори со голманка

Иако клубот крие имиња, се дознава дека е завршена работата за доведување бекови, пивот и крила. Има домашни и од странство. Преостанува уште една. Последна е голманката. Финишираме и со неа. За скоро ќе ги објавиме деталите – ветуваат од Ж. Прилеп.

Loading