СТРАНЦИ ОД САД ПРАЗНУВААТ ПОД НАШЕ НЕБО

На илјадници километри подалеку од татковината, десетина Американци не пропуштија, во Прилеп да го одбележат националниот празник на САД, Денот на независноста – 4 Јули. Развиорија американско знаме на заедничкиот ручек. Тие се дел од асоцијацијата за промоција на моралните и духовните вредности Изгрев и од Мировниот корпус. Покрај организирањето на јазични курсеви, нивниот престој има хуманитаран карактер. Обележуваат спортски игралишта, бојадисуваат мостови и преземаат други акции за разубавување на средината во која живеат подолго. Изненадени се од гостољубивоста на прилепчани и би сакале да останат подолго време во градот со раскошно културно историско наследство.

Loading