РЕКРЕИРААТ 25 ГОДИНИ НА ИСТО МЕСТО

Да се избираат најдобри градски рекреативци, најсериозни кандидати би биле пријателите кои играат фудбал на мали голчиња кај типските куќи. Најдолг стаж имаат Трајче Кондоски, Љупче Јорданоски – Црнио и Орде Богески, организатори на два турнира. По нив се Благоја Наумечски – Пајчето, Орде Цаневски, Јовица Релушкоски, Томче Христоски, Марјан Петрески – Мано, Рубин Јованоски… Веќе 25 години се на асфалтното игралиште, секоја среда и сабота, во најстудено и најжешко. Има по некој тинејџер. Но, уште се “главни”, и во петтата и шестата деценија од животот. Со метли сме туркале вирови вода, со казми и лопати сме кршеле мраз од желба за игра. Од година во година, многумина откажуваа, притиснати од работа. Ние останавме и не се “предаваме”. За жал, ретко се јавуваат млади наследници – велат старите рекреативци.

Loading