МОРЕ, МАСЛИНКИ И МАФИЈА

Летна понуда – Сицилија

Филмски познатите презимиња Корлеоне или Прици имаат свое потекло со исти имиња во срцето на земјата

Од големиот каменолом Латомиа користен е камен за изградба на Сирагуца

Елитна дестинација, најголемиот остров на Медитеранот – Сицилија, островот на сонцето, виното, маслинките и портокалите… Место за незаборавно патување, зачинето со мириси на медитеранот, прекрасни пејсажи и најразлични импресивни градби кои остануваат во срцата и сеќавањата на секој посетител… Тое е најголемиот италијански регион преполн со разновидност, бројни острови, недогледни плажи, планини, вулкани, лозја, полиња, маслинки, плантажи со лимон и портокали…

Вртлог и мозаик на различни култури и обичаи

Сицилија била грчка колонија од стратешко значење во Римското царство. Пред обединувањето со Италија паднала под власт на Византијците, Арапите, Норманите, Французите, Шпанците и Бурбоните. Секој од освојувачите оставале силен печат. На секој чекор се наоѓаат историски знаменитости, вртлог и мозаик на различни култури и обичаи. Невозможно е да се спомне Сицилија, а да не се помисли на мафијата, односно Ла цоса ностра. Филмски познатите презимиња Корлеоне или Прици имаат свое потекло со исти имиња во срцето на земјата. Имено, поради многувековното ропство, Сицилијанците изгубиле верба во власта, развија голема самопочит “на сопствените работи” (Ла цоса ностра). По обединувањето во 1860 г., богатите почнале да ги вработуваат разбојниците да ги штитат од конкуренцијата. Создавајќи сојузништво и ширејќи страв со помош на криминалот, мафијата брзо се вовлекла во сите пори на сицилијанското општество. Во Сицилија, мафијата е нешто како растение, бујно успева и густо се распространува. Мафијата ги почитува и не ги вознемирува туристите, така што и нема можност да се “сретнат”, освен во раскажувањата на туристичките водичи.

Место за исповед од лава посипено со злато

Катанија е местото каде најчесто туристите зачекоруваат на најголемиот остров на Медитеранот. Погледот на Јонското море, преполн е со мали рибарски чамци. Прошетката по Киклоповиот брег фасцинира со големи вулкански камења, кои помалку застрашувачки излегуваат од морето. Создавањето се поврзува со легендата за киклопот Полифем и Одисеј и авантурите одиграни на Сицилија. Етна е црна планина која со своите краци го опфаќа целиот град и е потврда дека туристите се на вулканско копно. Катанија е град на дното на Етна, втор по големина. Преживеал бројни потреси и вулканска ерупција. За тоа сведочат и некои делови од градот од времето на стара Грција и Рим, амфитеатарот кои и сега се на улиците. Поголемиот дел од денешниот град е изграден по големата ерупција во 1669 г. и разурнувачкиот земјотрес во 1693 г. Се градело најмногу во барок стил. За зградите и поплочувањето на улиците бил користен црн вулкански камен. На Пиаца Дуомо е сместена катедралата Св. Агата, чии најстари зачувани делови потекнуваат од 10 -тиот век. Катедралата остава прекрасен впечаток со своите фрески и витражи, а фасцинантно е необичното место за исповед, изработено од камен од лавата, посипено со злато. На плоштадот се наоѓа “Слоновска фонтана”, симболот на градот. Тоа е – мала фонтана со слонче од лава, кое носи исправен обелиск. Катанија е родниот град на В. Белини, познат композитор, чиј споменик гордо стои на плоштадот Стесикоро. Нему му е посветено и прекрасно уредениот парк Гиардино Белини како и големата оперска куќа Театро Масимо Белини, сместена во центарот. Посетата на рибниот пазар е туристичка атракција, заради гласните продавачи и големиот избор на риби. Катанија има сопствен универзитет, сместен на Универзитетската улица низ која минуваат многу млади на мотори и кои им даваат живот на ценатарот на градот. Катанија е град со душа, кој освојува со занимливости, пред се улицата Виа Етнеа, која мами со шаренилото на продавниците и понудите.

Древни приказни од стариот антички град

Најсликовитиот антички град на Сицилија е Сирагуца, исклучиво богата прва грчка колонија на Сицилија, најмоќниот град на Средоземјето, со бројни градби и уметнички дела. Сместен е на источната јонска плажа со историски поглед кон островчето Ди Ортиџи, кој со мост е поврзан со “копното”, новиот дел од градот. Во археолошкиот парк фасцинира грчкиот театар кој лете се користи за музичко-сценски фестивали. Тука е и надалеку познатиот и одлично сочуван римски амфитеатар, од големиот жртвеник Хијерон Втори, посветен на богот Зевс. Од големиот каменолом Латомиа користен е камен за градба на Сирагуца. Во каменоломот е пештерата Дионисиево уво. Името го добила по големиот отвор, кој потсетува на уво. На островчето Ортиџи, некогаш пристигнале првите доселеници. Таму се остататоците од Аполоновиот храм и храмот Атена, во кој денеска се наоѓа катедралата Св. Луција, заштитничка на градот. Во ѕидовите на катедралата се гледаат стапалки од некогашниот храм. Станува збор за една од најспектакуларните градби во Сицилија. Освен храмови, на Ортиџа се наоѓа и митскиот Аретусин извор на слатка вода. Денес изгледа како езерце на плажата, преполно со високи трски и патки. …Површините засадени со маслинка и лозје се менуваат со непрегледните плантажи на лимони и портокали… Таормина е познато летувалиште на планината Монте Тауро, на 200 метри над морето. Од горе има спектакуларен поглед на карпестата плажа, модрозеленото море и Етна. Таормина има прекрасен амфитеатар од грчкото време, но Римјаните го преобликувале и зголемиле. Изграден е на единствена позиција – дел за публиката е сместена во карпите, а над театарот се овозможува фантастичен поглед на Етна. Денес во амфитеатарот се одржува концерт и приредба со единствена природна сценографија: погледот на Етна, морето и градот. Целото гратче е пешачка зона, прекрасно, преполно со цвеќе, живописни сувенири и кафетерии и тераси со незаборавен поглед.

Палермо – главниот град на Сицилија

Палермо е величенствен град на противречности и сообраќаен метеж. Да се доживее во полна светлина нужна е посета на катедралата која фасцинира со надворешниот изглед и геометриската декорација. Туристичка атракција е Театро Масимо. Важи за трет најголем театар во Европа, Куатро Канти – четири агли кои го делат градот на квадрати. Секој агол е украсен со различни скулптури, градски споменик на улицата Преториа, многу фонтани… На северозападниот дел е сликовитото гратче Монреале. Норманскиот крал изградил на “кралскиот рид” манастир, украсен со мозаици, и катедралата Ста Мариа ла Нуова. Таа претставува највеличенствената норманска градба и го покажува целиот раскош на некогашната Сицилија. Во романтичната рамка од 12 век е мешавината на арапско – византиско – норманската архитектура. Импресионира внатрешноста со 6340 м2, единствени и прекрасни мозаици. …Ациреале, е уште едно живописно сицилијанско место на плажа. Уживањето се надополнува со традиционалните специјалитети, квалитетот на храната, мешавината на вкусовите, во комбинација со сицилијанските вина. Воодушевуваат и колачите, на кои никој не може да им одолее, дури ниту диеталците.

Сицилија е атрактивна светска туристичка дестинации која треба да се доживее…

Вулкан – национален парк

Етна е најголемиот активен европски вулкан кој му се заканува на островот одамна. Застрашувачката појава доминира од источниот дел на Сицилија. Скоро природен феномен, а денес и национален парк, вулканот Етна, висок 3330 метри, е најголемиот врв во Сицилија. Етна може да се опише како рид со многу мали одамна згаснати вулкани, сместени по одроните, по кои може да се качува, спушта и влегува.

Loading