ФОРМИРАН ППК ПРИЛЕП

Пинг – понг

Браќата Гоце и Александар Штаргоски не се веќе членови на ланскиот државен шампион, Младост. Го напуштија и формираа свој клуб, незадоволни од неисполнетите ветувања. Се што бараа, остваривме. Бевме по двапати екипни прваци и втори, а пролетоска зедовме титула во двојки, но за возврат не го добивме договореното – вели Александар. Новиот клуб се вика ППК Прилеп. Има одобрение за името на градот. Во просториите на КГС Партизан, моментно без струја, кои ги користеа Младост и Младост 96, во иднина ќе има место и за ППК Прилеп. Тимот е со четворица. За првата сезона ги приклучивме Бојан Базеркоски и Марјан Цветаноски – истакнува помалиот од браќата Штаргоски.

Loading