БИБИО БАРА НАСЛЕДНИК

По 20 години главен “тифоз”

Блаже Димоски – Бибио (35), вработен во Т. Комбинат, веќе 20 години е водач на навивачката група “Мајмуни”. Време е, но никако да најде наследник. Младите не се зрели за лидери. Не е лесно, макотрпно се гради авторитет. Треба водач комуникативен, познат насекаде. Никого не сум потценил, од работник до директор. Секаде се отворени вратите за помош, финансии. Со заминатиот Дејви Спиркоски бевме тандем, а сега нема такви – оценува Димоски. Најголем успех е 2000 година кога со воз илјадници патуваа до Скопје со Парма, а претходната година е рекордна дома со Перуџа. Имало инциденти со “комити” и “шверцери”, помалку со “чкембари”. Неизбежни се судирите со полицијата. Кога некое дете го приведуваат, лидерот е да го спаси. Во Полска се степале и добиле девет дена притвор. Минавме мирно на други места. Ја свртивме Европа, видовме култура, песни и кореографија за бодрење, а не да се оштетува својот клуб – вели Димоски. Семеен човек е, но не планира скоро напуштање на навивањето. Посебно сега кога се враќа еуфоријата со вклучување на Ж. Прилеп во Регионална и влегување на 11 Октомври во Прва, а на Победа ј. во Втора лига. Ќерка ми ја носам на фудбал. Малку се оттргнувам, но не сосема. Тренирав кај Гоце Манески како дете, но не станав фудбалер. Ми преостана да бидам навивач. Настрана сум од цигари, дрога, алкохол, но од спортот нема спас – заврши Блаже Димоски.

Loading