ЧАКМАКОСКА И НАСТОСКИ ВО АВСТРИЈА

Актерите Катерина Чакмакоска и Никола Настоски од 10 до 25 јули ќе престојуваат во Мурау, Австрија на театарска работилница. Ќе ја подготват претставата “Ноќ спроти Водици” од Шекспир. Чакмакоска е избрана за претставник на ФДУ, а Настоски ќе престојува вторпат. Пак ме поканија, оти беа задоволни од ланскиот ангажман. Престојот е можност за збогатување на знаењата и проширување на колегијалните пријателства – вели Настоски.

Loading