МАСОВНО ЦРТАЊЕ ПОРТРЕТИ

На тема “Пронајди се себе си”, десетина членови на ДЛУП, во амбиент на кафуле, цртаа портрети на граѓани. Граѓаните беа портретирани и едновремено подаруваа средства. Интересната идеја побуди поддршка, а собраните средства ќе се насочат во хуманитарни цели. ДЛУП ќе продолжи со слични привлечни акции за афирмација на уметноста и интеграција со хуманизмот.