54-ТА ЛЕТНА СРЕДБА НА УМЕТНИЦИТЕ

Со творештвата на мајката и ќерката уметници од Русија, Наталија Баженова и Ана Ремига, стартуваше годинешното прилепско уметничко лето организирано од Центарот за современа ликовна уметност. На традиционалната Интернационална сликарска колонија, која брои 54 години, ќе учествуваат уште десетина уметници меѓу кои Ингрид Замјечникова од Словачка, Ахилиос Здукос од Грција, Предраг Јанески, Митко Филипоски, Никола Смилков, Симеон Арнаудов, уметници од Косово. Третпат е во Прилеп Баженова, втор í е на Ремига, оти им се допаѓал градот и околината. Го овековечив манастирот Св. Арахангел Михаил, воодушевена од убавината. Среќна сум, оти Македонија ми е во срцето – вели Баженова. На прилепското уметничко лето, до крајот на јули ќе се одржат и 48 Симпозиум во мемер, 39 издание на Студиото за пластика во дрво и 27 -то Интернационално студио за метал. На најстарата ликовна колонија во земјата се создадени над 1000 слики и повеќе од 200 скулптури низ годините.

Loading