ТРОЈЦА ВОЗАТ ЗА ИЛИНДЕН

Велосипедизам

Зголемен е тимот на ВК Илинден. Покрај сениорот Иле Крстески, јуниорот Гоце Радески, во кадетска конкуренција вози најмладиот Диме Ангелески. В недела е трката за Државно друмско првенство. За сениорите и јуниорите е подолгата релација Куманово – Кратово – Куманово, а за кадетите покусата Куманово – Страцин – Куманово. Сите се добро подготвени. Може да се замешаат во борба за медали – најавува Драган Димитријоски, тренерот. Во средата тие извозија на Државно првенство за хронометар Стоби-Неготино-Стоби, бодувано за ранг-листа на ВФМ.

Loading