МУЗИЧКО – ПИВСКА ТРЕСКА ЧЕТИРИ ДЕНА

Комплетирана е забавната програма за деветото издание на фестивалот на пивото и скарата Пиво фест од 14 до 17 јули. Пиво, замезено со скара, ќе се пие на простор од 4886 квадрати во центарот, на кој ќе се постават 33 штанда. Се очекува урнување на ланскиот рекорд од над 300 илјади посетители. За забавата ќе се погрижат на првиот фестивалски ден словенечкиот рок-ска состав “Ред фајв поинт стар” и француската експериментална дружина “Џоук”. Осумчлениот состав од Париз изведува фузија од панк, рага, рокенрол, хип-хоп со енергична брас секција и диџеј скречови. За дополнително загревање на атмосферата “масло во пеколната атмосфера ќе дотураат” домашните состави, битолчаните “Фолтин” и ска-реге дружината “Суперхикс”. Втората вечер ќе биде збогатена со македонските рок-бендови “Пурпл цепелин” и “Кросрод блуз бенд”. Најавени се специјалните гости, белградскиот рок-ѕвезди, составот “Ван Гог”. Резервиран за фолкот е 16 јули. Најавени се македонските фолк-ѕвезди Гоце Арнаудов, Миле Кузмановски и Елена Велевска. Главна ѕвезда на вечерта е босанската музичка легенда Харис Џиновиќ. Македонските хит мајстори Влатко Илиевски, Елена Ристевска и Ламбе Алабаковски ќе бидат увертира на српската легенда Здравко Чолиќ на последната фестивалска вечер, во неделата. На алтернативната сцена четири дена ќе концертираат скопските бендови “Беи д фиш”, “Пи-ем-џи колектив”, “Кантон 6”, “Д Џон”, тетовчаните “Конкверинг лајон” и диџеј настапи на Роботек, Нино Наумов и Душко Јаневски.

Loading