ВЕДНАШ ВО ТРЕТА ЛИГА

Обновен ФК Варош

Десетина фудбалски ентузијасти го обновија ФК Варош по осум години апстиненција. Сите документи се средени, прибрани 20 млади фудбалери и оформен Стручен штаб. Главен тренер е Кирил Мирчески, поранешен на младите од Победа, со помошниците Златко Алексоски и Берто Бузлески. Веднаш се претендира на висок ранг. Доколку некој откаже, или преку фузија, бараме вклучување во Трета лига. Ја прифаќаме и општинската како опција, само да се играме – вели Љупчо Андреески, претседател на ФК Варош. Клубот со 72-годишна историја, некогашен второлигаш, го реновира игралиштето кај Институтот. Теренот се чисти од ѓубре, се обновуваат разрушените и искрадени соблекувални и поставува ограда според прописите. ФК Варош сака да е позитивен пример. Ниедно дете нема да игра непрегледано од доктор. Внимаваме на односот на терен и околу него пред две илјадите навивачи. На никого нема влакно да му недостасува. Има да бидеме воспитана, најмирна екипа – истакнува Андреески. Во ОФС секоја година има нови клубови, а бројката достигна 29 сениорски. Најавен е уште еден, ФК Прилеп сити.

Loading