ТРЕНЕРИТЕ КАКО ДРУГАРИ

Победа јуниор

Новиот второлигаш Победа јуниор стартуваше со подготовките. Го нема капитенот Христијан Петрески, кој е во Хоризонт Турново. Преостанатите 25 првотимци ги извршуваат задачите на Кире Овезоски, Златко Петрески и Благоја Смоквоски. Најсилното е сплотеноста. Ништо нé не скара. За тренерите немам збор. Како другари се. Минатата сезона немаше пари, но игравме за докажување -вели Даниел Котески, лев бек на Победа ј. По првото место во Трета, претстои повисок ранг -Втора лига. Навивачите ја нагласуваат нужноста од неколку искусни, барем по еден во секоја линија. Во клубот се потпираат на врсници меѓу 19 и 23 години. Сите сме млади. Остануваме безмалку комплет од пролетоска. Веруваме и одиме на прво место – Прва лига -порачува Котески. Приклучени се Роберт Бошкоски и Златко Карески (11 Октомври), Александар Јовановски и Благојче Ристевски (Новаци). Од 3 јули Крушево е место за тренинзи на Победа јуниор.

Loading