“ПАТРИМОНИУМ” ЗА РОДОЉУБИВОСТА

Новата збирка 40 родољубиви песни “Патримониум” од поетесата Мирјана Славеска е инспирирана од оставштината од дамнина. Песните се претежно родољубиви. Има и социјална теми. Некои се поголеми како поеми. Ги испеав со силен лирски набој. Ја насловив “Патримониум”, бидејќи е посветена на нашето наследство, на дедовите богатства – вели Славеска. Според неа, поет е човек кој го гледа животот од друг агол. Специфичен е поетскиот поглед. Понаку го доживуваме светот. Гледаме слика, емоција – објаснува професорката – поетеса, која сака да се проба и со проза. Таа издала четири збирки поезија, а оваа í е петта книга. Во подготовка биле уште две.

Loading