ТАПАН И ГАЈДА НА ПЛОШТАД

Фестивалот на народни инструменти и песни “Пеце Атанасоски”

Наместо на Рудина во Долнени, по 36 годишна традиција, Фестивалот на народни инструменти и песни “Пеце Атанасовски” ќе се одржи на камената бина во центарот на 2 и 3 јули. Причина е недостигот на финансиски средства и индолентноста на општината и населението од Долнени. Во Долнени не направија пристојна сцена за Фестивалот. Не одделуваат средства за одржување, а населението не ја слиди ниту програмата. Прилеп го спасува фестивалот со поддршка за одржување на сцената в центар – вели Весна Атанасоска – Вучиќ, директор на Фестивалот. Идната недела на гајда, кавал, тапан, кемане…. ќе свират и пеат 250 учесници од земјата и од странство, меѓу кои група од Кутина, Хрватска и гајдаџија од Холандија. Во придружната програма се организира трибина за изворната музика. Покровители се Министерството за култура, кое оддели 250 илјади денари и општина Прилеп.

Loading