“АМНЕЗИЈА” ЗА НАВРАЌАЊЕ НА ЗАБОРАВЕНИТЕ ВРЕДНОСТИ

Прилепскиот вајар Петре Николоски со интернационална кариера, кој живее и твори во Лондон се претстави со изложбата насловена “Амнезија” во Музејот на современа уметност во Скопје. Идејата е навраќање на заборавените вредности на минатото. Инсталацијата “Амнезија” е дрвена конструкција од разновидни природни материјали, видео и звучни документи, кои треба да ги активираат сите човечки сетила. Преку видеопроекции се презентираат навраќањата на минатите вредности. Делото има и научно-културна анализа, при што се фрла длабински поглед на современиот пејзаж на прилепското поднебје. Екологијата како стил на живеење и дејствување е моја насока. Се посветувам на номадскиот уметнички пристап – вели тој. Николоски создава 20 години во Велика Британија. Дипломирал на Факултетот за применети уметности во Белград на отсекот скулптура во 1984 година, каде и магистрирал. Изложувал во Велика Британија, Канада, Австралија, Јапонија и Португалија.

Loading