ИЗЛОЖБА НА МЛАДИ АВТОРИ

Во галерија на ЦК”Марко Цепенков”

Изложба на дваесетина слики, цртежи, графики од млади автори ќе биде отворена вечерва од 21 часот во ЦК “Марко Цепенков”. Првпат во Прилеп ќе се претстават деветмина млади уметници од земјата – Алмин Беговиќ, Ана Јовановска, Блашка Миева, Фатих Билаловиќ, Магдалена Саздовска, Мирјана Бубевска, Санда Миева, Саша Дичковски и Симона Јакимовска. Изложбата е плод на соработката на центрите за култура од Прилеп и Куманово.

Loading