МИЛАДИНОСКИ НА ИМПАКТ ФЕСТ

Танчерот Кире Миладиноски успешно се претстави на првиот театарски фестивал Импакт во Велес. Настапи со перформансите “Бубачки” и “Поврзаности”, изведен заедно со Александра Кочоска. Импакт фест го промовираше театарот и визуелните и изведувачки уметности и ја поврза публиката и заедницата на дискусии и работилници, лаборатории и преводи. Импакт е прв од ваков вид фестивал во Југосточна Европа, кој ги вмрежи европските иницијативи за културна и уметничка соработка.