ОБРАДОВИЌ СЕ ВРАТИ ДОМА

Фудбал: Засилувања во новиот прволигаш 11 Октомври

Покрај Србинот пристапија Велјановски од Пелистер и Талески од Победа ј.

Први новодојдени во новиот прволигаш 11 Октомври се Јовица Обрадовиќ, Александар Велјановски и Даниел Талески. Со нив се очекува зголемување на конкуренцијата и подигнување на квалитетот за предизвикот = највисокиот ранг. Србинот Обрадовиќ (27) е прилепски зет. Практично се врати дома, бидејќи до лани три сезони настапуваше во Победа, со која има шампионска титула. Игра десен бек и стопер. Доаѓа од второлигаш од Крушевац. Таму паралелно служел војска. Цивилно одев, без пушка, колку да исполнам обврска. Најбитно е што играв и одржав форма = вели Обрадовиќ. Битолчанецот Велјановски (19) е младински репрезентативец од екс прволигашот Пелистер. Игра последен за врска. Иако најмлад првотимец, имаше континуитет во битолскиот тим. Го меркаа Металург и Напредок, но пристапи на 11 Октомври. Пресуди домаќинското однесување. За една година надалеку разбрале дека се почитува договореното. Не се расфрламе, водиме сметка за секој денар, како што нé научи спонзорот. Се плаќа деветта и десетта плата, иако недоработени. Сé по договореното = рече Марјан Стојкоски = Манта, спортскиот директор на 11 Октомври. Талески (20) беше незаменлив во второлигашот Победа јуниор на позиција десен бек. Одличен избор е, бидејќи се работи за надежен играч. Висок е, силен, енергичен фудбалер. Го споредуваат со легендарниот бек на Победа од седумдесеттите години, Иван Мечев, поради изгледот и мускулестите “експлозивни” нозе. Уште три = четворица, ќе дојдеме до 34=35 првотимци. Скусуваме до 25=26. Корисно е што отпаднатите ќе се калат во помали клубови. Со Манта сме играле по региони или втори лиги и пак направивме кариери за почит. Со настапи може да се напредува = порача Николче Здравески, тренерот на 11 Октомври. Во тимот се петмина младинци: од одбраната Филип Николоски, од средниот ред капитенот Никола Касниоски и Горан Здравески, од нападот Ицко Јанкоски и Влатко Тошески. Замина само екс репрезентативниот напаѓач Драган Димитровски во матичниот Пелистер.

Спонзор плус

Има изгледи да се приклучи уште еден голем финансиер на генералниот спонзор на 11 Октомври, Витаминка. Се преговара со план за зголемување на буџетот, кој беше сосема доволен минатата сезона. Очекуваме уште еден голем спонзор. Продолжува да не следи градоначалникот. До максимум ќе се заложиме за подобрување на условите во клубот, а на играчите е да возвратат со дисциплина, работа и резултати = истакна Манта.

Нема шетање по 23 часот

Претстојат тешки подготовки наредните 40 дена до прволигашкиот старт на 30 јули. Заострува режимот на Стручниот штаб. По воведната работа, од еден се преминува на два=три тренинга дневно. Односот мора да е професионален. Околу 12 дена ќе работиме на физичка издржливост, после се пријателските и на крај релаксирање до борбата за бодови. Заборавете на девојки и сопруги. Пред половина час доаѓајте на тренинг. Наместо низ град, одмарајте се дома. Да нема шетање навечер по 23 часот = порача Здравески.

Loading