ПОБЕДА Ј. СТАРТУВА УТРЕ

Втора лига

Само 10 дена траеше одморот за новиот второлигаш, Победа јуниор. По последниот куп триумф на 15 јуни со 4=1 над Црна Река од Возарци, следеше куса пауза, а веќе утре (16 ч.) е прозивката. Нема нови во играчкиот кадар. Многумина се нудат. И нашите се барани. Засега, за никој нема официјална потвда = вели Кире Овезоски, тренерот. Стручниот штаб стартува со подготовките во очекување на стратегијата од управата. Клубот покажа сила во третолигашкиот ранг, но за успех во втората лига е неопходно ниво погоре на организациски план. Од утре натаму ќе имаме се појасна слика = истакна Овезоски. За Победа ј. има инфромации дека Петар Љамчевски заминал кај брат му во Металург, а Даниел Талески кај соседот 11 Октомври.

Loading