ФИЛИП ДОБИ ВЕЛОСИПЕД ЗА ПОДАРОК

Петгодишниот Филип Петкоски доби велосипед од градоначалникот Марјан Ристески за најмлад учесник на манифестацијата “Сите на велосипед”. Тој ја помина патеката од Прилеп до Мало Коњари. На манифестацијата, на празникот Свети Кирил и Методи, во организација на локалната самооуправа и ВК Илинден учествуваа околу 200 велосипедисти – рекреативци.

Loading