СО ФИЌО ВО ПРОДАВНИЦА

Прилепчанецот Ѓоре Пазески (63) влегол со Фиќото во продавницата на фирмата Даки Комерц, откако загубил контрола. Направил штета од 12 илјади денари. Полицијата го привела и соопшти дека возачот бил пијан. Според СВР Битола, на последната “посета”, претходел уште еден обид за “набавка на храна”. Во потрага по својот дом кај стариот театар, возачот удрил и во продавницата на Татијана Кондоска. Ја извиткал заштитната ограда, го скршил стаклото и направил штета од 15 илјади денари. Пазески имал карамбол, оштетувајќи неколку паркирани автомобили во близина на театарот.

Loading