НА ВРВОТ НА ПАТРОНОТ

ПСД “КОЗЈАК”

Искачувањето на врвот на Козјак на 1746 м/нв е топ дестинацијата за љубителите на планинското пешачење за в недела. Традиционално искачување по 15 пат, организира планинарското друштво, кое го носи името токму по овој врв. Дестинацијата за планинарска возбуда оди преку селата Оревоец и Крстец, а отаму на врвот Козјак. Планинарите ќе се спуштат низ плетварскиот Студенец, крај чешмата и преку атарот на селото Крстец, ќе се вратат в град. Тргнувањето е в недела, од седум часот пред плоштадот Александрија. Планинарите ќе ги заситат со ручек своите загладнети усти од долгата патека во црквата Св. Димитрија во село Оревоец. Ручекот го обезбедува организаторот. На мераклиите им е потребен само прибор. Прилепчани, како добри домаќини, се погрижиле и за своите колеги од другите градови да им обезбедат преноќиште во манастирот Св. Ѓорѓија.

Loading