БЛАГАТА ВЕСТ И ОБРЕЗАНИЕТО

Иако во преден план на фотогарфијата е прилепската џамија, сепак анонимниот автор, ја доловил длабочината на прилепската чаршија. Далеку во длабочината, острото око може да го забележи храмот со над 170 годишна традиција, изграден во чест на благата вест за зачнувањето на Света Марија, а до неа познатата грчка црква или Свето Преображение. Незнајниот фотограф направил композиција, прикажувајќи ја линијата на верата, затоа што таа единствено ги одржува, и едните, и другите. Патем, од едната и од другата срана кон уличката која води кон градскиот пазар, и мовчето на реката, се вишнеат градби од кои некои биле и повисоки од анот на Дановчињата и ред други куќи од кои сега нема ни трага, ни глас. И сега сликата на градот посотојано се менува. Ќе никне нова модерна катна гаража со современ бизнис центар.

Loading