ПОТСЕТУВАЊЕ НА ЛИКОВИТЕ СО “СОЛУНСКИ ПАТРДИИ”

Трајче Иваноски и Благоја Спиркоски – Џумерко, како добитници на наградата за животно дело, ја израдуваа публиката. Пред да им бидат врачени признанијата на сцената од Ц.К., ги оживејаа култните ликови Аџи Јанкула и Итар Пејо од хит претставата “Солунски патрдии”, која и ден денес е најгледаната на прилепскиот театар. Беа во елемент, и кусо, како што тие знаат и умеат, успеаа да ја насмеат публиката, која ги награди со громогласен аплауз. Не за џабе, вели Коле Ангеловски, бил радосен што и тој признанието го добил со неговите не само соработници, туку и пријатели, чиј фах сепак се ролјите во комедии.

Loading