ЗАСИЛУВАЊА САМО СО РЕПРЕЗЕНТАТИВКИ

Ракомет: Жито Прилеп строго одбира засилувања

Наизглед мирно ракометно лето, но во женскиот суперлигаш Жито Прилеп одамна тргнаа по засилувањата. Иако имињата се кријат, со сигурност се знае дека се квалитетни од Русија, Црна Гора, Србија… Внимаваме, инаку порано ќе земевме домашни. Во предвид е само репрезентативен калибар ≠ порачува Ристо Магдинчев, тренерот. Во план се шест ≠ седум, цела постава, за празнините од минатата сезона. Немаше доволен фонд, недостасува лидер, а во нападот не се достигна потребно ниво… Целта е конкурентност во Регионалната лига, без слаб ривал. Потребен е квалитет и квантитет, алтернативи за адекватни измени за мечевите ≠ смета Магдинчев. Регионалната, балканска лига е во фокусот, но претстојат уште три фронта: домашните куп и првенство и европскиот КПК. Неопходни се силни подготовки. Се највуваат меѓународни пријателски. Имаме контакти со многу клубови од соседните земји. Можно е учество на турнири и возвратни мечеви. Мора да се мериме со силните ≠ заврши Магдинчев.

Гркинките бараат меч

Чудни се Грците. Мегас Александрос и Арион не излегоа на терен поради амблемот со сонцето на Ж. Прилеп, а нивниот шампион Орми Патрас бара реванш за ланскиот пораз 29≠27 во сала “Македонија”. Негуваме одлични односи и нудат пријателска. Веројатно ќе одиграме ≠ информира Звонко Јанков, потпретседател на Ж. Прилеп.

Loading