ИГРАЧ ОДБРАНИ ДВА ПЕНАЛА

Трета и општински лиги

Дејан Наумчески, одбранбен играч на Динамо Мажучиште, е јунак на првиот полуфинален меч за првак во А ≠ Општинската лига, што значи влез во Третата лига ≠ Југ. По завршувањето на 90 минути борба со Кадица Забрчани, завршена со 1≠1, се одлучи да застане меѓу стативите во серијата пенали. Наместо Дејан Анѓелкоски ≠ голманот, пеналите ги бранеше Дејан Наумчески ≠ играчот. Без ракавици и тренерки успеа двапати да ја спаси својата мрежа и со конечни 7≠6 да го одведе својот тим во саботното финале. Не сум бил голман. На тренинзи бранам против соиграчите, кога се обложуваме по пијалок. Голманот е помлад и одлучив да бранам. Имав претчуство дека можам да фатам некој пенал ≠ вели Наумчески. Динамо Мажучиште вчера го чекаше противникот во финалето (Спортски центар, сабота, 17 ч.), по одигрувањето на второто полуфинале Кадино ≠ Тополчани. Во Третата лига југ останува последното коло в недела, каде дерби е Победа јуниор ≠ Корзо. Победа ј. е нов второлигаш.

Loading