НАЈДОБРИ ВО НОВА ОПРЕМА

Гимнастика

Одличен настап на КГС Партизан на Златко Ангелески. Најдобри беа во новата опрема, во модели од ВИС спорт. Во Б лига поединечно Христина Христоска е втора, Маја Нешкоска трета. Екипно, први се јуниорките, втори помладите пионерки. Во А лигата кај јуниорките сите три на пиедесеталот: Ивана Јанкоска, прва, Андреја Ангелеска, втора, Мартина Јездиќ, трета. Први се како екипа. Кај помладите пионерки изненади Алексеја Ризеска со трето место. Во постари пионерки Емилија Јовеска е прва и Стефани Спиркоска, трета. Во машка само шестмина, но доволни за успех во А лигата. Кај помлади пионери прв е Бојан Синадиноски, кај постарите пионери титула за Андреј Деспотоски, а кај јуниорите се знае ≠ неприкосновениот Дино Бошњак.

Loading